top of page
Modern interior design project by Think Studio

About

THINK е студио за архитектура и дизајн основано во 2015 година, посветено на современ и интелигентен пристап кон просторот.

Со повеќе од една деценија искуство во станбен и комерцијален ентериер, работиме на проекти од различен размер — од приватни резиденции до комплексни комерцијални простори, во земјата и надвор од неа.

Нашата работа опфаќа целосен процес — од концепт и дизајн, преку техничка разработка, изведба и стручен надзор, до производство на мебел и финална реализација.

 

Веруваме дека вистинскиот луксуз не е во визуелниот впечаток, туку во јасна структура, дисциплина и контрола во секоја фаза.

Како продолжение на студиото, функционира и Think House of Furniture — курирана продавница за мебел и дизајнерски парчиња, преку која овозможуваме директен пристап до внимателно одбрани меѓународни брендови, како и развој на сопствени custom решенија. Оваа интеграција ни овозможува целосна контрола врз изборот, квалитетот и финалниот резултат..

Соработуваме со внимателно одбрани домашни и меѓународни партнери, создавајќи простори со трајна естетска вредност и архитектонска јасност.

Како женски водено студио, пристапуваме со прецизност, интелигентна чувствителност кон деталите и јасна комуникација.

 

Не креираме само ентериери — создававаме простори со структура, флексибилност и трајна вредност

Visit our showroom

Orce Nikolov 107, 1000 Skopje, Macedonia

Monday to Friday: 10am to 16 pm

Copyright © Think Studio 2026

bottom of page