
CONSULT
Архитектонски совет за функционален и естетски простор
Service Description
Consult е платена ентериерна консултација наменета за клиенти кои имаат конкретни прашања или дилеми, но не им е потребен целосен проект. Во текот на 90–105 минути, добивате професионална насока за распоред на простор, функционални решенија, избор на материјали, бои, осветлување и стилска насока. Консултацијата е фокусирана, практична и прилагодена на вашиот конкретен простор. Оваа услуга е идеална за оние што сакаат јасност пред да започнат реновирање, купување мебел или донесување важни одлуки. Доколку во рок од 30 дена одлучите да продолжите со целосен проект со THINK, износот за консултацијата се одбива од вкупната проектна цена. Consult ви дава сигурност во одлуките — со архитектонска прецизност и реална изведбена логика.
